Програмата на Националната установа Стоби за 2019 година предвидува повеќе проекти кои се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство. Вкупно 14 проекти се финансирани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2019 година од кои:
1. Од областа на заштита на недвижното културно наследство:
- Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживописот на Старата епископска базилика во Стоби – 330.000,00
- Замена на покривот на крстилницата на епископската базилика во Стоби – 1.300.000,00
- Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на субструкцицијата на источната половина на summa cavea на римскиот театар во Стоби – 60.000,00
- Конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки доистражувања на објектот Римски театар во Стоби – 3.800.000,00
- Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби – 1.150.000,00
- Конзервација и реставрација на мозаиците од јужниот кораб на Епископската базилика во Стоби – 260.000,00
2. Од областа на музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство:
- Реализација на основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби со археолошките ископувања од 2009 до 2012 – 100.000,00
- Изработка на основен проект за конзервација на метален археолошки материјал од археолошки ископувања во Стоби во период од 2013 до 2018 година – 80.000,00
- Проект за археолошки ископувања на Западната некропола во Стоби – 150.000,00
- Проект за набавка на потрошен материјал и опрема за потребите на Конзерваторскиот оддел во Националната установа Стоби – 50.000,00
- Изработка на основен проект за конзервација на керамички и стаклени предмети од збирката на НУ Стоби – 30.000,00
- Проект за набавка на Материјали и опрема за потребите на Конзерваторскиот оддел на Националната установа Стоби – 50.000,00
3. Од областа на инвестиционото одржување, адаптација и набавка на опрема за установата:
- Набавка и монтажа на влез со соодветен софтвер за туристичка презентација на археолошки локалитет Стоби – 722.133,00