Програмата на Националната установа Стоби за 2015 година предвидува повеќе проекти од кои девет директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културното наследство, додека останатите активности предвидуваат изработка на проекти и инфраструктурни зафати.
Пет од проектите во областа на заштитата на културното наследство се финансирани од Министерството за култура, во рамки на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2015 година:
- Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби – 1 600 000 денари
- Конзерваторско реставраторско работи на мозаикот од нартексот на Епископската базилика во Стоби – завршна фаза – 600 000 денари
- Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби – 1 000 000 денари
- Подготовка на проект за конзервација на скената на театарот во Стоби – 50 000 денари
- Археолошки истражувања на комплексот околу Храмот на Изида во Стоби – 300 000 денари
Со финансиски средства од Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2015 година, во рамки на музејската област и иницијативата за воспоставување на постојани поставки во националните музеи, ќе биде започната и изведбата на проектот за:
- Санација и адаптација на Старата железничка станица во Центар за посетители и формирање на привремена поставка со лапидариум – 1 800 000 денари
Останатите четири проекти кои се однесуваат на истражувањето и заштитата на културното наследство се самофинансирачки и имаат интернационален карактер. Тие ќе се реализираат во соработка со фондацијата Балканско наследство. За 2015 година се предвидени:
- Работилница за конзервација на керамика – Workshop for Conservation and Documentation of Roman Pottery
- Работилница за конзервација на мозаици – Workshop for Conservation and Documentation of Roman Mosaics
- Работилница за напредна дигитална фотодокументација на архитектура и движни наоди (RTI & Photogrammetry) – Workshop for Advanced Digital Photographic Documentation of Artifacts and Architecture (RTI & Photogrammetry)
- Археолошка теренска школа Стоби 2015 – Stobi (The Capital of Macedonia Secunda) Excavation Project
Покрај проектите од Годишната програма на НУ Стоби, преку Министерството за култура ќе бидат обезбедени дополнителни финансиски средства за:
- Изработка на проект за заштитна конструкција со партерно уредување на патеки за движење на посетителите на Епископската базилика во Стоби
- Изработка на проект за санација на брегот на реката Црна долж археолошкиот локалитет Стоби