Новости

Проектот за конзервација на театарот продолжува напролет

декември, 10 2013 | Ioannes Stobaeus

 

Во текот на октомври и ноември се одвиваше почетната фаза од проектот за конзервација на театарот во Стоби. Активностите опфаќаа конзервација и реконструкција на радијалните ѕидови 15, 16, 17 и 18 во ima cavea и реконструкција на сводовите меѓу нив, конзервација, реставрација и реконструкција на оштетените делови на вториот циркуларен ѕид во должина од 35 метри и височина од 1,5 до 2 метри и конзервација и реконструкција на ѕидовите од централниот и источниот радијален. Со овие зафати објектот е подготвен за реконструкција на сводовите од тули над централниот радијален коридор и страничните простории по што ќе следува реконструкција на сводот над централниот циркуларен коридор и лежиштата за седишта. Се очекува до крајот на 2014 година, источната половина да биде целосно подготвена за монтирање на нови мермерни седишта со што реконструкцијата на овој дел од театарот ќе биде завршена.

 

Проектот предвидува конзервација и на западната половина каде што се сочувани оригиналните седишта, како и конзервација на супструкцијата од горниот дел на гледалиштето каде што седиштата недостасуваат, но се сочувани коридорите за циркулација на публиката.

 

Тетарот во Стоби отпочнал да се гради кон крајот на 1-от век н.е. и бил завршен во првата половина на 2-от век н.е. Со капацитет од 7 600 гледачи, овој театар претставувал еден од најголемите објекти за масовна забава во римската провинција Македонија

 

Проектот на НУ Стоби за конзервација, реставрација и реконструкција на театарот во Стоби е финансиран од Министерството за култура, преку годишната програма за остварување на националниот интерес во културата.

 

Погледнете ја галеријата од конзервацијата.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026