Новости

Предавање на д-р Роберто Нарди

април, 20 2015 | Ioannes Stobaeus

 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на јавното предавање на тема: Конзервација на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција, на д-р Роберто Нарди, директор на центарот за археолошка конзервација од Рим, Италија (Centro di Conservazione Archeologica - CCA) и претсeдател на меѓународниот комитет за конзервација на мозаици (International Committeе for the conservation of Mosaics - ICCM).

 

Предавањето ќе биде на англиски јазик, а ќе се одржи во конференциската сала на Археолошки музеј на Македонија на 22.04.2015 година, со почеток во 15.00 часот.

 

Предавањето е организирано од страна на фондацијата Балканско наследство од Р. Бугарија, во соработка со Национална установа Стоби и Археолошки музеј на Македонија.

 

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026