Новости

Мозаикот во Куќата на Перистерија

декември, 13 2010 | Ioannes Stobaeus

 

Завршена е првата фаза од конзервацијата на прекрасниот мозаик од куќата на Перистерија која опфати негово подигање, чистење и лиење во хидростатен малтер. Мозаикот кој не беше откриен околу 30 години и се наоѓаше во очајна состојба, на пролет ќе биде вратен и презентиран пред посетителите на Стоби. Различните мотиви на мозаикот и неговата полихромија го сместуваат во редот на најубави подни декорации на локалитетот. Посебно се интересни полињата во кои е прикажан водениот свет со фантастични животни.

 

Конзервацијата на мозаикот се одвива по проект на Националната установа Стоби и под раководство на Драган Верговски Алпи и Момчило Трајковски од Националниот конзерваторски центар.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026