На 26-ти декември, во 14.00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена годишната археолошка изложба за 2013-та која е ретроспектива на наодите од капиталните проекти за истражувања на различни локалитети во периодот од 2007 – 2013 година. НУ Стоби ќе изложи предмети откриени во ископувањата од 2013 година, како и неколку наоди од 2009 година кои беа конзервирани во изминатиот период. Меѓу најинтересните се вбројуваат големата северноафриканска чинија и деловите од железен ламеларен панцир откриени во Куќата со триклиниум, во контекст од втората половина на 6-от век.