Новости

Археолошка изложба 2010

декември, 26 2010 | Ioannes Stobaeus

 

На 25 - ти декември, во Музејот на Македонија беше отворена изложбата „Археологија 2010“. Пред јавноста се презентирани околу 2 000 артефакти од дваесетина локалитети кои беа истражувани во текот на 2010 година.

 

Во витрините со предмети од Стоби, посебно внимание привлекуваат мермерните скулптури откриени во секторот Храм и Јавната градба со арки. Посебно интересен е големиот мермерен сад со канелури во внатрешноста. Ова е уникатен наод кој за првпат е откриен на некој од македонските локалитети.

 

Изложбата ќе биде отворена до април 2011 година и е одлична прилика за секого да се запознае со културата и секојдневието на луѓето кои живееле на територијата на Р. Македонија од праисторијата па сè до Османлискиот период.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026