Новости

Проекти на НУ Стоби за 2022 година

февруари, 23 2022

 

Програмата на Националната установа Стоби за 2022 година опфаќа 14 проекти и тоа седум од областа на заштита на недвижното културно наследство, четири проекти од областа на музејската дејност и заштита на нематеријално културно наследство и три проекти од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема.

 

Сите овие, вкупно 14 проекти, ќе бидат финансирани од Министерството за култура, опфатени во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2022 година.

 

1. Од областа на заштита на недвижното културно наследство:

-          Конзервација и реставрација на сегмент од јужниот градски бедем и јужната порта во Стоби (етапа1 и етапа2) - 1 500 000 денари;

-          Реализација на Основен проект за конзервација на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби - 1 200 000 денари;

-          Конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби - 1 600 000 денари;

-          Археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживопис и архитектонски делови на Старата епископска базилика во Стоби - 600 000 денари;

-          Тековно одржување и партнерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби - 1 200 000 денари;

-          Изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонската декорација од Градбата со арки во Стоби - 30 000 денари;

-          Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на сочуваните мермерни елементи од гледалиштето на театарот во Стоби - 30 000 денари.

 

2. Од областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство:

-          Реализација на Основен проект за конзервација и реставрација на керамички и стаклени садови од збирката на НУ Стоби - 200 000 денари;

-          Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби - 200 000 денари;

-          Набавка на опрема (индустриски парочистач) за потребите на конзерваторска лабораторија - 150 000 денари;

-          Реализација на Основен проект за конзервација на метален археолошки материјал од археолошките ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година - 100 000 денари.

 

3. Од областа на инвестиционото одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата:

-          Набавка и монтажа на прозорци и врати во работните простории на НУ Стоби - 84 501 денари;

-          Систем за електронска сигурносна и опрема за видео надзор - 500 000 денари;

-          Санација на ноќна илуминација на археолошкиот локалитет Стоби - 2 000 000 денари.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026