Новости

Проекти финансирани од годишната програма на Министерството за култура во 2026 г.

февруари, 28 2026

 

Годишна програма на НУ Стоби за 2026

Вкупен буџет: 9.800.000,00 денари

 

НУ Стоби ја објавува Годишната програма за 2026 година. Програмата опфаќа активности и проекти насочени кон заштита, конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на археолошкиот локалитет Стоби, како и проекти од музејска дејност и унапредување на условите во конзерваторската лабораторија.

 

Проекти од областа на заштитата на културното наследство
8.000.000,00 денари

 

1) Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби
2) Конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на Градбата со арки во Стоби
3) Конзервација и доистражување на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби
4) Конзерваторско – реставраторски работи и археолошки доистражувања на Северозападниот бедем во Стоби – фаза 1
5) Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби
6) Реализација на Основен проект за конзервација, реставрација, конструктивно зајакнување на објект Стара железничка станица и негова адаптација во Центар за посетители – Археолошки локалитет Стоби – фаза партерно и внатрешно уредување

 

Проекти од областа на музејска дејност
900.000,00 денари

 

1) Конзервација и реставрација на opus sectile мозаична декорација на дрвен мобилијар откриен во Епископската резиденција во Стоби
2) Реализација на Основен проект за конзервација и реставрација на керамика и стакло од збирката на НУ Стоби
3) Набавка на конзерваторски материјали за лабораторија
4) Изработка на постаменти за камени споменици во лапидариум

 

Набавка на опрема за конзерваторска лабораторија
900.000,00 денари

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026