Новости

DIGI Heritage Hubs - Повик за учесници

април, 23 2025

 

Неверојатна можност за студенти и млади професионалци (од 18 до 35 години) од Европа кои работат или студираат во областа на археологија, историја, историја на уметност, музејски студии, маркетинг и менаџмент на културно наследство, дизајн, анимација, креативно пишување и компјутерски технологии да учествуваат во шестдневна програма на DIGI хабовите на една од следниве дестинации за културно наследство (можете да изберете една локација за учество):

 

Археолошки локалитет Стоби, Република Северна Македонија

Датуми: 1–6 септември 2025

 

Археолошки парк Виминациум, Република Србија

Датуми: 16–21 септември 2025

 

 

Рок за пријавување: 18.05.2025 (недела до 23:59)

 

Процес на аплицирање: Ве молиме пополнете го формуларот на следниот линк https://forms.gle/CoCmbkcftBEtdubGA, при што ќе ги внесете сите потребни информации и ќе ја изберете посакуваната дестинација за културно наследство.

 

Логистика: Трошоците за меѓународно и локално патување, сместување и оброци ќе бидат покриени од страна на проектот.

 

Важно: Бројот на учесници по локација е ограничен.

 

Работен јазик на програмата: Англиски.

 

Програмата DIGI Heritage Hubs претставува шестдневно интензивно искуство кое има за цел да поттикне соработка и едукaција заснована на практика во областите на културното наследство и креативната индустрија, со фокус на новите технологии и дигиталните алатки кои можат да го подобрат корисничкото искуство на дестинациите од културно наследство.

 

Повикот можете да го преземете од следниов линк.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026