2011 Проекти со фондацијата Балканско Наследство

 

Во текот на 2011 година, како резултат на соработката помеѓу фондацијата Балканско наследство и НУ Стоби беа реализирани три проекти: Работилница за конзервација на керамика, Работилница за конзервација на фрески и Археолошка теренска школа. Проектите се одвиваа во текот на месеците јуни, август и септември и по нивното завршување Балканско наследство и донираше 1 911 000 денари на НУ Стоби. Средствата, обезбедени како индивидуални донации од учесниците, се употребени за тековно одржување на локалитетот, негова туристичка промоција, како и во реализацијата на три различни проекти: Конзервација на мозаикот во Куќата на Перистерија, Конзервација и реставрација на фонтаната во Куќата на Перистерија и Конзервација на Куќата со триклиниум).

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026