Видео надзор и алармен систем

 

Иако локалитетот има 24-часовна чуварска служба, таа е недоволна за целосна заштита на локалитетот. Видео надзорот е солуција која би го решила проблемот. Потребно е да се постават 14 статични камери со инфрацрвено ноќно гледање и систем за снимање на повеќе места на локалитетот, во туристичкиот павиљон, на двата влеза и меѓу бараките за работа и престој. За поставување на камерите ќе се искористат постоечките бандери на кои се поставени рефлекторите за ноќното осветлување. Алармниот систем треба да се замени со нов поефикасен систем.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026