Во јуни и август 2010 година, фондацијата Балканско наследство и НУ Стоби организираа работилница за конзервација на керамика и теренска археолошка школа. По завршувањето на проектите, фондацијата Балканско наследство донираше финасиски средства во висина од 1 324 000 денари за тековно одржување на археолошкиот локалитет Стоби и подобрување на туристичката понуда. Средствата беа обезбедени преку индивидуални донации од учесниците во двата проекта.