Внатрешната организација и концептот за работа на НУ Стоби се во целост насочени кон остварување на предвидените задачи, кои првенствено се однесуваат на истражувањата и конзервацијата на движното и недвижното културно наследство, но и во делот на презентација и популаризација на Стоби, за што е неопходно да се воспостави солидна база која сериозно ќе се надградува во следните години. Тоа би значело, средување, унапредување и одржување на инфрастуктурни капацитети кои ќе овозможат адекватна презентација на едно повисоко ниво, достојно и соодветно на големото значење на локалитетот, како и унапредување на туристичката понуда и маркетингот. Археолошкиот локалитет Стоби нуди одлични можности, не само заради непроценливото движно и недвижно културно богатство што го поседува, туку и заради својата одлична местоположба на главната магистрала Е-75. Во таа смисла, НУ Стоби е отворена за соработка со останатите јавни и приватни установи, кои ќе го најдат својот интерес во рамки на оваа генерална идеја која првенствено значи промоција и презентација на македонското културно наследство.

Сите потенцијални соработници и заинтересирани донатори можат да нè контактираат на +389 43 251 026 или contact@stobi.mk

Archaeologica

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026