Заврши овогодишната кампања за конзервација во Теодосијанската палата во Стоби
На 6 ноември 2026 година заврши овогодишната кампања за конзервација на архитектонските остатоци на Теодосијанската палата во Стоби. Работите започнаа на 15 септември и ги изведе меѓународна екипа со ескперти од Македонија, Бугарија, Грција и Англија. Во текот на кампањата беа конзервирани вкупно осум ѕида и четири скали.
Конзерваторските работи ги опфатија скалите пред просториите 1, 2, 3 и 4, надворешниот југозападен ѕид на палатата и два ѕида во просторијата 16. Интервенции беа изведени и на ѕидовите што Теодосијанската палата ги дели со соседната Куќа на Партениј, како и на половина од круништето на северозападниот периметрален ѕид на палатата. Во просториите 17, 18 и 19 беа конзервирани неколку помали ѕидови и платформи.
Проектот го спроведува НУ Стоби во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од Бугарија. Во изведбата на конзерваторските работи учествуваше Skillington Workshop од Англија. Финансиската поддршка за проектот ја обезбедуваат Фондот „Џ. М. Каплан“ (J. M. Kaplan Fund) и Ancient Rome Live.
Со завршувањето на овогодишната кампања, конзервацијата на архитектонските остатоци на Теодосијанската палата се приближува кон целосна реализација. Се очекува работите да продолжат во пролетта 2027 година.