Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби                        

Националната установа Стоби е основана со Oдлука на Владата на Р. Македонија на 26.08.2008 г. (Одлука бр. 19-3992/1, Сл. весник на Р.М. бр. 120/08) како непрофитна установа од областа на културата.

Установата е официјално регистрирана во Централниот регистер на Р. Македонија на 17.12.2008 г. со полн назив Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби - Градско и седиште на археолошкиот локалитет Стоби. Скратениот назив е НУ Стоби-Градско.

Правата за управување со археолошкиот локалитет се пренесени на Националната установа Стоби на 28.02.2009 г. (Одлука на Владата на Р. Македонија бр. 19-893/1, Сл. весник на Р.М. бр. 33/09).

Националната установа Стоби е формирана со задача да управува со археолошкиот локалитет Стоби и да се грижи за археолошките ископувања, конзервацијата, одржувањето, користењето, презентацијата и популаризацијата на локалитетот.

Археолошкиот локалитет Стоби е сопственост на Република Македонија и претставува споменик на култура од национален интерес од прва категорија. За споменик на културата е прогласен во 1950 г. со Решение бр. 1038 од 27.07.1950 г. и донесено од страна на  Централниот завод за заштита на културните споменици на Н.Р.М. и повторно во 1976 г.  со Решение бр. 01-134/1 од 21.01.1976 г. од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Во Централниот регистер на споменици на културата е запишан под број 39.

Во периодот од 1970 – 1998 г., Стоби е во надлежност на Народниот Музеј Велес, а во 1998 г. одговорноста ја презема Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, подоцна преименуван во Национален конзерваторски центар.

T-Pas

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026