Публикации

Повик за пријавување трудови за печат во Студии за старините на Стоби, том IV

 

Новата серија на Студиите за старините на Стоби ќе се печати секоја втора година и ќе ја задржи досегашната практика за публикување на трудови поврзани со археолошкиот локалитет Стоби. Периодиката ќе опфаќа оригинални научни трудови кои обработуваат теми од сите аспекти на археологијата и историјата на Стоби, вклучувајќи и мултидисциплинарни студии, технички студии, како и прелиминарни резултати од истражувањата на Стоби. Издавачкиот и уредувачкиот одбор особено поддржуваат теми поврзани со конзервацијата на движното и недвижното културно наследство на Стоби. Добредојдени се и прикази и рецензии на објавени публикации и трудови.  Трудовите ќе бидат публикувани двојазично, на македонски јазик и на англиски јазик.         

 

Заинтересираните автори треба да ја пополнат Пријавата која содржи кратки информации:

-          автор(и)

-          професионална определба/звање/титула

-          институција

-          контакт информации

-          наслов на предложениот труд

-          апстракт (најмногу 300 зборови на македонски и англиски јазик)

 

Пријавата во електронска форма можете да ја преземете тука или со кликнување на копчето „преземи“ на претходната страна.

 

Пополнетата пријава можете да ја испратите по пошта на адреса:

 

Национална установа Стоби, Археолошки локалитет Стоби, 1420 Градско, Р. Македонија

 

или на следните електронски адреси:

 

silvana.blazevska@stobi.mk

editor_in_chief@stobi.mk

 

dimitar.nikolovski@stobi.mk

editorial_assistant@stobi.mk

 

Пополнетата пријава испратете ја најдоцна до 30.09.2012 г.

 

Пристигнатите пријави ќе бидат разгледувани од Издавачкиот и Уредувачкиот одбор, по што авторите ќе бидат известени за одлуката најдоцна до 01.11.2012 г.

 

Критериумите и правилата за поднесување на трудови за печат во Студии за старините на Стоби ќе бидат доставени до авторите чии трудови се прифатени за поднесување. Истите ќе можете да ги најдете на нашата интернет страница. Aвторите на трудовите се должни да ги почитуваат авторските права за материјалот, техничката и фотодокументацијата пропишани со правната регулатива.

 

 

Со почит,

 

Силвана Блажевска

Главен уредник

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026